1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Проруските сепаратисти не се откажуваат од референдумот

БГ/миа/афп8 мај 2014

Проруските сепаратисти во источна Украина го отфрлија повикот на рускиот претседател Путин за одложување на референдумот закажан за в недела. ЕК е загрижена од продлабочување на кризата

https://p.dw.com/p/1Bvga
Фотографија: Getty Images

Проруските сепаратисти во Источна Украина денеска објавија дека нема да го одложат референдум за независност закажан за во недела. Советот на самопрогласената „Доњецка Народна Република“ денеска донесе одлука да не се одлага референдумот за независност на регионот, наспроти повикот на рускиот претседател Владимир Путин.

- Референдумот ќе се одржи на 11 мај, изјави еден од членовите на Советот, Мирослав Руденко. Путин по вчерашниот состанок со претседателот на ОБСЕ Дидие Буркхалтер ги повика проруските сепаратисти да го одложат референдумот.

Официјална Москва соопшти дека очекува повеќе информации пред да ја коментира одлуката на сепаратистите. Портпарол на ЕК во Брисел оцени дека ваквата одлука само ќе ја влоши кризата во источна Украина.

Во меѓувреме, премиерот на Украина, Арсениј Јацењук во обраќање до украинскиот народ вети пренесување на овластувањето на општинските совети околу прогласувањето на рускиот и други јазици за официјални на својата територија. Како што јави ИТАР-ТАСС, во обраќањето Јацењук наведе дека ќе предложи ваква измена да биде внесена во Уставот, чии реформи претстојат. Украинскиот јазик сепак ќе го задржи статусот како единствен државен јазик.