1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Почеток за новата Комисија на Јункер

Бернд Ригерт/ А.Трајковска 22 октомври 2014

Европскиот парламент денеска во Стразбур ја потврди новата Комисија на ЕУ. Идниот претседател Жан Клод Јункер долго време работеше на составот на новата „влада“. Дали сега сѐ ќе биде поинаку?

https://p.dw.com/p/1DZbG
Фотографија: Getty Images

„Сега е на ред тимска работа“, рече Жан Клод Јункер при претставувањето на новата Комисија на средината на септември. Структурата, која новиот шеф на европската управа и неговиот најблизок соработник, Мартин Селмајер, германски ЕУ службеник, ја изработија е комплицирана. Под Јункер треба да има седум вице-претседатели, кои треба да ја координираат и надгледуваат работата на другите 20 комесари и 35.000 службеници. Во зависност од темата на законите вицепретседателите соработуваа со комесарите. Како тоа треба да функционира, Јункер го претстави преку една графика на осум страници.

Новото е што вицепретседателите можат да ја стопираат секоја законска намера на нормалните комесари. На крајот, се надева Жан Клод Јункер, треба да произлезат помалку и подобри регулации. Намалување на бирократијата треба да биде една од централните теми на неговиот тим.

Комесари од прва и втора класа

„Потребна ни е реформа на Комисијата, која амбиционирано им приоѓа на задачите“, бара претседателот на конзервативците во Европскиот парламент Манфред Вебер. Јункер одговара на барањата на неговиот партиски пријател Вебер: „Со новата Комисија имаме вонредна шанса, но и обврска да работиме. Мораме да одговориме на геополитичките предизвици и да го решиме економското опоравување. Мораме да изградиме обединета Европа, која носи пораст и работни места за граѓаните“, рече Јункер при сослушувањето во Парламентот. „Мислам дека ја имам вистинската екипа за тоа“.

Единствениот ЕУ комесар кој не смее многу самиот да одлучува е Пјер Московиси, надлежен за конролата на националните буџети на земјите членки. Поранешниот министер за финансии на Франција за секоја одлука мора да се усогласи со неговиот претпоставен финскиот вицепретседател Јирки Катаинен.

Pierre Moscovici Anhörung im Europaparlament 02.10.2014
Пјер Московици во ЕУ ПарламентотФотографија: Reuters/Francois Lenoir

59 годишниот претседател на Комисијата на ЕУ Жан Клод Јункер, кој речиси две децении беше премиер на Луксембург призна дека формирањето на влада во Луксембург е значително поедноставно, отколку формирањето на ЕУ Комисијата, во која 28 земји членки требаше да ги испратат своите кандидати. „Јас не бев самиот мајстор на моите одлуки. Како премиер самиот си ги избирав министрите од мојата партија. Како претседател на ЕУ Комисјата морав да ги земам в предвид желбите, очекувањата, понекогаш и сонувањата, географскиот и политички баланс како и други димензии“.

Многу критика и барања од новата ЕУ Комисија

Само една кандидаттка, од Словенија не помина на сослушувањето во Парламентот и мораше да биде заменета. Парламентот доби жртвен јарец, вели шефицата на фракцијата на левичарите Габи Цимер. Таа исто така критикува дека некои комесари на Јункер добиле задачи кои воопшто не соодветствувале со нивните компетенции и биографии. Цимер во овој контекст мисли на поранешниот британски лобист Џонатан Хил, кој во новата Комисија е одговорен за финансиските пазари.

Symbolbild Europäische Union
Фотографија: Georges Gobet/AFP/Getty Images

Прва задача на новата Комисија треба да биде изборното ветување на Жан Клод Јункер. Јункер сака да создаде инвестициски пакет од 300 милијарди евра, за да го поттикне развојот во Европа. Аплауз за оваа идеја Јункер доби од државите како Франција или Италија како и социјалистичката фракција. Конзервативците се повеќе скептични и прашуваат од каде треба да дојдат парите. За либералите, според нивниот шеф на фракцијата Ги Ферхофстат, програмата на Јункер не оди доволно далеку. „Инвестициската програма од 300 милијарди што ја најави господин Јункер не е вистински одговор на предизвиците. Потребно ни е нешто со амбиција, сигурно не нови етикети на старите кредити.“

Многу проблеми и кризи Јункер ќе преземе од неговиот претходник, Жозе Мануел Барозо: Односите со Русија, граѓанската војна во Украина, договорот за слободна трговија со САД, новите цели за заштита на климата. Едно Јункер веќе утврди: Во наредните пет години нема да има проширување на Европската унија, сепак треба и натаму да се продолжи да се преговара со кандидатки како Турција.

Силен човек на страната на Јункер ќе биде новиот холандски „прв вицепретседател“ Франс Тимерманс кој може да ги контролира сите останати 26 комесари и ќе биде задолжен за намалување на бирократијата. Гинтер Етингер од Германија останува во Комисјата на ЕУ, но наместо како досега за „енергија“ ќе биде задолжен за „дигитално стопанство и општество“ и ќе биде само обичен комесар.

Новите ЕУ комесари мораа да го минат сослушувањето во Парламентот. Тие одговорија илјадници прашања. Европскиот парламент денеска го потврди тимот на Јункер. На 1. ноември официјално започнува со работа новата Комисија на Европската унија.