1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Петта колона“ на Русија во Бугарија?

Николај Цеков / Александар Методијев16 април 2014

Минатата недела претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо предупреди дека „во Бугарија има луѓе кои се агенти на Русија“. Дали е навистина така? Се штити ли рускиот интерес во Бугарија?

https://p.dw.com/p/1BjLD
Фотографија: picture-alliance/dpa

Луѓето коишто ја опишуваат Бугарија како „Ахиловата пета" на ЕУ, бидејќи ги спречува обидите за постигнување на заедничка позиција за руско-украинскиот конфликт, дефинитивно реагираат преостро, смета политикологот Даниел Смилов од софискиот „Центар за либерални стратегии“.

„Сегашните владетели во Софија тешко дека би зазеле некаква самостојна проруска позиција, но со задоволство би се приклучиле кон групата на земји-членки кои се залагаат за помеки санкции против Русија. Со други зборови, Софија би застанала зад грбот на некоја голема држава, чијашто позиција во однос на Русија е релативно умерена. А, ако таа држава се вика Германија, тогаш владејачките моќници во Бугарија би биле особено задоволни. Но, и помали држави, како што е Чешка на пример, би завршиле работа“, оценува политикологот Даниел Смилов и додава дека е факт оти ставот на Бугарија нема да биде решавачки за формирањето на заедничката позиција на ЕУ во однос на Русија.

Кој во Бугарија ги заштитува интересите на Русија?

Политикологот посочува дека вистински го вознемирува еден друг аспект на проблемот, на кој обрна внимание и претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо. Минатата недела тој изјави дека во Бугарија има луѓе кои се агенти на Русија.

Politologe, Daniel Smilov Bulgarien
Даниел СмиловФотографија: BGNES

„Најмногу вознемирува тоа што се случува во левицата – таму се појавија силни и остри проруски гласови. Конкретен пример е пратеникот Николај Малинов, кој сосема отворено ги заштитува проруските интереси. Партијата БСП е очигледно поделена во однос на случувањата во Русија и Украина, бидејќи стравува дека ќе загуби некаков русофилски глас“, оценува политикологот Даниел Смилов.

Тој смета дека најважно прашање во случајот е дали Бугарија има активни политички сили кои отворено ги заштитуваат проруските интереси. Одговорот е – да, има такви сили и една од нив е Атака. Таа партија не е толку опасна поради заканите на нејзиниот лидер дека ќе ја собори владата ако таа поддржи санкции против Русија, колку што е опасна нејзината постојана антиевропска и проруска ориентација. Смилов е убеден дека факт е оти владата во Софија е силно зависна од партијата Атака. Според него, тоа би требало да го загрижува секого во Бугарија и надвор од неа.

Бугарија и’ се потчинува на Русија“

Економистот Красен Станчев од софискиот „Институт за пазарна економија“ смета дека она што се зборува за Бугарија во Брисел не се однесува на целата земја. Станчев оценува дека критиките од Брисел се однесуваат главно на четворица бугарски политичари - лидерот на БСП Сергеј Станишев, почесниот претседател на ДПС Ахмед Доган, премиерот Пламен Орешарски и министерот за економија Драгомир Стојнев. Станчев кон оваа листа додава и двајца пратеници од БСП, според чие барање сега Народното собрание се обидува да го извлече проектот „Јужен поток“ од опсегот на европското законодавство.

„Со години во Бугарија упорно се заштитуваат интересите на големите руски државни компании. Неодамна портпаролот на БСП имаше дрскост да објави дека спречувањето на трети страни да имаат пристап до капацитетот за пренос на гас преку „Јужен поток“ било поттикнато од бугарскиот национален интерес. Од тоа произлегува дека е наш национален интерес во Бугарија да има помалку конкуренција, цените на природниот гас да бидат над просекот во Европа, а земјата да остане меѓу петте најзависни земји-членки на ЕУ од ’Газпром’“, вели Красен Станчев. Тој додава дека на економски план Бугарија и’ се потчинува на Русија во последниве децении.

Wirtschaftsexperte Krassen Stanchev Bulgarien
Красен СтанчевФотографија: BGNES

Огромни загуби поради зависноста од Русија

Станчев смета дека оваа зависност од Русија е причинила и продолжува да предизвикува огромни загуби за бугарската економија: 2 милијарди долари, според него, се погребани во проектот „АЕЦ Белене ", цената на природниот гас поскапе за цели 25 проценти, откако под притисок од „Газпром“ Бугарија го промени договорот за снабдување, како и 100 милиони лева, со кои од државниот буџет годишно се субвенционираат испораките од „Булгаргаз“ на скап руски гас“, заклучува економистот Красен Станчев.