1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Оливер Шварц: Контекстот на преговорите за името - ќе се „европеизира“

Силвера Падори-Кленке5 јануари 2015

Познавачот на европската политика др. Оливер Шварц, за ДВ говори за грчката блокада, грешките на македонската политика, за шансите новиот тим на ЕУ да преземе поголема одговорност за решавање на спорот за името.

https://p.dw.com/p/1E7yT
Фотографија: picture-alliance/dpa
ДВ: Во годинава што изминува Македонија ја доби шестатта препорака од Европската комисија, но ишестатта блокада од Грција. Господине Шварц, дали очекувате со предвремените парламентарни избори во Грција на Македонија да и сеотвори европскиот пат и како го оценувате развојот во Македонија?

Оливер Шварц: Секако дека на почетокот на 2015 година ќе бидеме сведоци на куса, но жестока изборна кампања во Грција. Сириза и Нова демократија во моментов се практично рамо до рамо и до крај ќе биде неизвесен исходот и кој ќе победи. .Во центарот и на изборната трка, но и на политичката агенда ќе биде еврото, без разлика кој ќе ги добие изборите. Што се однесува до спорот за името со Македонија, доколку дојде до смена на владата и победи Сириза, тоа ќе значи еден нов почеток. Алексис Ципрас последниве месеци се изјасни дека сака да постигне ново ниво на грчко-македонските односи, дека ќе се заложи за конструктивно решавање на проблемот. Ова би значело дека доколку дојде до смена во владата, би можело да дојде и до деблокирање на пристапните преговори на Македонија со ЕУ. Ова го сметам за реално и тоа би бил прв чекор во процесот на проширување и исчекор во решавањето на деценискиот спор околу името. Но, како што кажав ова би било возможно доколку дојде до смена во владата во Грција. Инаку, кога ќе биде формирана новата влада сигурно дека во наредните месеци многу работи ќе се случуваат на релација Атина – Вашингтон - Брисел - Берлин. Затоа и сметам дека кога е во прашање спорот за името, Ципрас ќе биде подготвен за нов почеток, или во најмала рака да не го блокира почетокот на пристапните преговори на Македонија со ЕУ. Што се однесува до декемвриската одлука на Европскиот совет по шести пат да ја блокира Македонија, ова и се очекуваше. Причините се познати - од една страна поради Грција, но важно е да посочам дека вина имаат и грешките кои ги прави македонската национална политика. Довербата е прокоцкана кај многу македонски пријатели, поддржувачи и партнери во рамките на ЕУ. Тука подеднакво мислам како на власта , така и на социјалдемократите кои како опозиција не успеаја да ги преземат задачите за конструктивно опозициско работење. Зашто сегашната опструкција и бојкот на парламентот, како замена на работата, е се’ освен добро, со што ситуацијата на стагнација која ја имаме во Македонија само се конзервира.

Нов европски тим

ДВ: Има толкувања дека ЕУ не може да влијае врз грчката блокада поради институционалните прашања во Унијата – едногласноста на одлуките е задолжителна. Има ли какво било решение?


Шварц: Јас и сега се’ уште гледам шанси за Македонија! Мора да се констатира дека Европската комисијата во последниве години многу направи и постојано се трудеше во живот да го задржи процесот на проширувањето. Аргументи за ова се визната либереализација или воспоставениот дијалог на високо ниво. Сите овие работи се сигнал за високата поддршка која Македонија ја ужива од страна на Комисијата, што патем се гледа и во многу јасните извештаи. Факт е, меѓутоа, дека внатре во Европскиот совет важи едногласноста. Грција, меѓутоа, во моментов не е подотвена да го направи исчекор кој ќе овозможи Македонија, која од 2005 година го има кандидатскиот статус, конечно да напредува.

ДВ: Што може Македонија да очекува во 2015 година ?

Oliver Schwarz Experte für EU Erweiterung Universität Duisburg-Essen
Место опструктивна, опозицијата да води конструктивна политика! Др. Оливер ШварцФотографија: Universität Duisburg-Essen


Шварц: Во Комисијата има нови луѓе: нов комесар за разговорите за проширувањето на ЕУ од Австрија, држава која последниве години води исклучително активна политика околу оваа тема. Потоа има и нова висока претставничка за надворешна и безбедносна политика - Фредерика Могерини, која е активна и јасно кажа дека Западен Балкан останува на агендата на ЕУ. Затоа од Хан и од Могерини во 2015 година очекувам многу позитивно влијание. Не треба да се заборави ниту новиот претседател на Европскоиот совет, Доналд Туск, кој сигурно истотака позитивно ќе влијае. Значи, во наредниве месеци, од она што е кажано, јасно е дека треба да има нов извештај на Комисијата за состојбата во Македонија. Тоа ќе биде прв документ подготвен од Јоханес Хан, поради што верувам дека ќе биде исклучително конструктивен извештај. Можам да говорам само за она што досега е предложено на почетокот на годинава од Европскиот парламент – Македонија да оди директно во скрининг, да бидат отворени 23-то и 24-то поглавје кои се однесуваат на судството, демократијата и човековите права. Тоа би бил важен чекор надвор од официјалниот почеток на пристапните преговори. Европскиот парламент исто во стопанскиот дел предложи на Македонија да и се додели и статусот на функционала пазарна економија, што е исто значајно за натамошното поддржување на развојот на земјата. Верувам дека многу можности се се’ уште тука. Се надевам дека за Македонија успешна ќе биде ’петката’ - во 1995 година беше донесена времената спогодба, во 2005-тата го доби статусот кандидат за членство и конечно во 2015 – тата - да ги започне пристапните преговори со ЕУ.

Не се добри авторитарните елементи во политиката!

ДВ: Вака гледаниот тајминг ветува. Но, како ги оценувате критичките забелешки кои Европската Комисија ги упати кон развојот на демократските процеси во Македонија?


Шварц: Ова што сега го кажувам, поеднакво се однесува на партиите на власта, но и на опозицијата. Неподнослива е состојбата што сегашната опозиција не учествува во работата на Собранието.Ова мора, навистина мора, да се смени. Опозициските партии мораат да се вклучат во парламентарните процеси. Мора конструктивно да ја придружуваат владата, да ги посочат негативностите и да понудат алтернативи. Само така ќе може да се промени сегашната политика на владата. Последната година сите сме сведоци колкаво е влијаниетео на владата на премиерот Груевски - врз медиумите, врз судството, врз админсирацијата. Јасно мора да се каже дека ова не е добро и тоа се авторитарни елементи во политиката. Како се вели, во Македонија има еден вид демократско назадување. Значи, има задачи кои Македонија треба да ги исполни. Посакувам политичките актери да преземат еден вид национална одговорност, отколку и натаму да се покриваат со партиските егоизми. Потребно е опозицијата да води конструктивна, место опструктивна политика. Место бојкот, потребна е нејзина јасна критика на владината политика. Во оваа насока ги гледам и актуелните протести на студентите во Македонија. Тоа е многу позитивен знак, најголемо општествено движење во земјата од деведесеттите. Тоа е експлицитно протестно движење кое е надвор од етничките граници, во кое се вклучени и Албанци и Македонци, што покажува дека е севкупен општествен процес. Интересно е како овие протести понатаму ќе се развиваат, зашто стартуваа и првично беа насочени само кон една единствена точка - законската регулатива што се однесува на високото образование. Тие јасно го акцентираа негативното и можеби и од политички аспект се најава за некакви промени.

ДВ: Дали случувањата во Украина може да придонесат ЕУ побрзо да се отвори кон Западен Балкан и конкретно кон Македонија?

Studenten Demo in Skopje Mazedonien 10.12.2014
Можеби студентските протести се најава за некакви промени во Македонија?Фотографија: AFP/Getty Images/R. Atanasovski


Шварц: Случувањата во Украина, секако дека Балканот повторно го вметнаа високо на европската агенда. Во регионот се активни како Фредерика Могерини, така и Јоханес Хан. Мислам дека и Европскиот Парламент ќе биде многу конструктивен и ќе го придружува пристапниот процес и дека во 2015 година конечно ќе биде отворена и можност за Македонија.

ДВ: Г. Шварц, велите дека има шанси во 2015 година, Македонија да направи исчекор кон ЕУ. За крај повторно за најболниот проблем – спорот за името. Може ли Унијата поконкретно да се позанимава со Македонија?


Шварц: Сметам дека контекстот во кој се преговара за спорот со името ќе се „европеизира“. Ова значи дека Европската унија ќе преземе поголема одговорност. Би потсетил на изјавите на специјалниот претавник на ЕУ во Македонија - Ерван Фуере кој своевремено, во 2011 година велеше дека е дојдено време да се има нов преговарач околу името. И тој (новиот преговарач) би требало да има двојна легитимација - би требало да биде и претставник на ЕУ и на ОН. Според мене, дојдено е времето Европската унија тука да преземе поголема одговорност.

Др. Оливер Шварц, експерт за европската политика и проширувањето е професор на Институтот за политика на Универзитетот Дуизбург - Есен.