1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Молдавија на пат кон царинската унија на Путин

Симон Чиочина / Максимилијан Гросер / А. Методијев19 март 2014

Додека светот гледа кон Крим, Путин сака да придобие и други држави. Една од неговите следни цели се чини дека е Република Молдавија. Долго планираниот Договор за асоцијација со ЕУ таму предизвикува проблеми.

https://p.dw.com/p/1BRfb
Фотографија: DW/Yuliya Semenowa

Досега Република Молдавија важеше за сигурен кандидат за Договорот за асоцијација со ЕУ. И покрај тоа што има криза околу сепаратистичкиот регион Транснистрија, кој сѐ посилно бара приклучување кон Руската Федерација. Република Молдавија, која географски се наоѓа меѓу Романија и Украина, сака да потпише договор со ЕУ ова лето. Во секој случај, во земјата се чувствува и зависноста на поранешната советска република од нејзината поранешна братска република Русија, на чело со Путин.

Во септември 2013 година тој го ограничи увозот на вино од Република Молдавија. Кратко потоа, тој забрани влез во Русија за околу 20.000 од половина милион молдавски гастарбајтери. Потоа следуваше следната фаза на неговите обиди за притисок да се спречи потпишувањето на договорот со ЕУ. Од февруари етничкото малцинство на Гагаузите вежба кревање на востание против намерата за договор со ЕУ, бидејќи на 100 километри јужно од главниот град Кишињев се поважни економските врски со Русија отколку трговскиот партнер - ЕУ.

Центарот на отпорот против договорот со ЕУ е заспаното гратче Комрат, кое е главен град на регионот на Гагаузите. Со него управува Михаил Формузал, наречен „башкан“. Во гратчето има 23.000 жители и тоа припаѓа на регионот на етничкото малцинство, составено од околу 160.000 Гагаузи. Областа со својот центар Комрат автономно управува со етнитетот кој има турско потекло, но припаѓа на руската православна црква. Само правосудството, надворешната и безбедносна политика не е во рацете на оваа управа.

Јасно гласање за Русија

Во февруари, поранешниот мајор на советската артилерија Формузал побара преку референдум да се започне битка против Договорот за асоцијација со ЕУ. Според него, овој договор ќе ја извади од рамнотежа економијата и ќе претставува закана за автономијата на Гагаузите. Не е за изненадување што 98,5 проценти од околу 70.000 од Гагаузи кои гласаа рекоа „НЕ“ за трговските договори со ЕУ и побараа приклучување кон Унијата на слободна трговија, создадена од Путин. Касахстан и Белорусија веќе се членки на Царинската унија на Путин. Од следната година ова би требало да стане сличен сојуз на држави каков што е ЕУ. Правно погледнато, референдумот на Формузал нема никаков ефект, бидејќи Гагаузите не можат да одлучат за курсот на целата Република Молдавија.

Neues aus Moldau Moldawien
Михаил ФормузалФотографија: DW/Simion Chiochina

Веќе одамна автономниот регион на Гагаузите одржува добри трговски врски со Русија. За оваа земјоделска област рускиот пазар е многу значаен. Виното и зеленчукот оттаму речиси и да нема шанса на европскиот пазар, смета Михаил Формузал.

„На нашата економија ѝ требаат уште десет години за да стане конкурентна со ЕУ. Само рускиот пазар може нас да не спаси во следните десет години“, вели тој во разговорот за Дојче веле.

Тоа го потврдуваат и луѓето на улиците во Комрат. Еден од нив е 64-годишниот пензионер Димитри Димчиоглу. Тој е загрижен за иднината на внуците.

„Невработеноста тука е многу висока, а индустријата речиси и да не се развива“, вели тој. Затоа многу Гагаузи се селат како гастарбајтери во Русија или Турција. На улиците во градовите и селата се зборува руски, а дома гагауски. „Тој е 95 проценти сличен со турскиот јазик“, објаснува Димитри. На телевизија одат само руски емисии.

Neues aus Moldau Moldawien
Гагаузите попрво сакаат во Русија, отколку во ЕУФотографија: DW/Simion Chiochina

Референдум со политички експлозив

„Главниот проблем е што денес 25.000 Гагаузи работат во Русија. Ако биде потпишан Договорот за асоцијација со ЕУ, тогаш ние ќе бидеме протерани од Руската Федерација“, објаснува гувернерот на Гагаузите Михаил Формузал. „Што треба потоа да правам? Бидејќи луѓето ќе бараат работа од мене, а јас не можам да им ја најдам“, вели тој. Според Формузал, само членството во Царинската унија на Путин гарантира стабилност во регионот и стабилност на автономијата. Тој оценува дека предусловите Русија веќе ги направила. „Наскоро треба повторно да се увезува вино од Комрат, а цените на гасот за Гагаузите треба да се намалат“, вели Формузал.

Неговиот референдум имаше енормен политички експлозив во себе, бидејќи Гагаузите гласаа истовремено за тоа да прогласат независност од Република Молдавија. Суверенитетот на Република Молдавија е загрозен и затоа што романскиот претседател Трајан Басеску многу често бара повторно обединување на Молдавија и Романија, вели Формузал. Затоа, според него, преживувањето на републиката, која постои од 1991 година, е прашање на време.