1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел: Сакаме со Македонија разумно да соработуваме!

Силвера Падори-Кленке12 јуни 2014

Канцеларката на прашање на ДВ за очекувања од новата влада кажа дека Германија сака со Македонија разумно да соработува и ќе ја радува доколку во наредниве месеци дојде до решение на проблемот со името.

https://p.dw.com/p/1CGe1
Фотографија: dapd

„Ние сакаме со Македонија разумно да соработуваме и секако ќе ме радува доколку во наредниве месеци дојде до решение на проблемот со името. Тоа е нешто во што не успеавме. Тоа не зависи само од Македонија, но зависи и од - Македонија“, одговори канцеларката Ангела Меркел на прашање на Дојче веле: какви се нејзините очекувања од новата македонска влада која ќе биде потврдена од Собранието наредниот четврток (19 јуни).

Канцеларката Меркел денеска на прес конференција со српскиот премиер Александер Вучиќ потврди и дека на 28 август Берлин ќе биде домаќин на конференцијата на земјите од Западен Балкан. Дојче веле праша: кои се нејзините очекувањата од ваквата конференција?

„Очекувањата од поканата за конференцијата се дека со неа ќе придонесеме прво подобро да се запознаеме, зашто и ние во Германија не знаеме се’ за проблемите на земјите од регионот. Второ - да се засили соработката во регионот, особено кога станува збор за прекугранични проекти. И секако со неа (конференцијата н.з.) да се придонесе во доближувањето на целиот регион кон Европската унија. Нашата претстава е секоја година друга членка на Унијата да организира ваква конференција. За идната година (2015 н.з.) е договорено тоа да го направи Австрија. Значи ќе има и конференција која ќе следува“, одговори канцеларката Ангела Меркел.