1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Златна зора доби дозвола да учествува на европските избори

Александар Методијев/миа/афп12 мај 2014

Врховниот суд на Грција дозволи крајнодесничарската партија Златна зора да учествува на европските избори закажани кон крајот на овој месец. Одлуката на судот доаѓа наспроти повиците организацијата да биде забраната.

https://p.dw.com/p/1By3h
Фотографија: Reuters

Лидерот на Златна зора Никос Михалолиакос и голем број други нејзини високи претставници се во затвор и таму го чекаат почетокот на судскиот процес за членство во криминална организација, убиство, пожар, изнуда и други злосторства. Затоа многумина бараат оваа партија да биде забранета. Група граѓани побараа Златна зора да биде исклучена од учество на изборите, бидејќи нејзините лидери се под истрага за серија напади врз имигранти и политички противници.

Сепак, Врховниот суд на Грција одобри 43 партии да учествуваат на изборите за Европскиот парламент закажани во земјата за 25 мај. Меѓу нив се наоѓа и Златна зора.

„Ние ја очекувавме оваа одлука. Имаме доверба во грчкото правосудство“, рече правниот застапник на партијата, адвокатот Павлос Саракис.

Речиси сите 18 пратеници од оваа партија се под истрага на грчкото правосудство. Според грчките закони, кандидатите се спречени да излезат на избори само ако се обвинети за криминал, но не и ако за нив се води само истрага. Датумот за почеток на кривичните судења треба дополнително да биде соопштен.

Според анкетите, Златна зора може да очекува меѓу трето и петто место на европските избори. Крајноседничарската грчка партија, која за првпат влезе во парламентот во 2012 година, кога поради незадоволството од масовната невработеност и приливот на илегални имигранти во земјата оваа партија успеа да освои околу седум проценти од гласовите.

За да избегне можност од забрана за учество на изборите, Златна зора неодамна регистрираше сестринска партија наречена Национална зора.