1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зијадин Села е градоначалник на Струга

СН/ЕМФ/макфакс13 април 2013

Зијадин Села од ДПА останува градоначалник на Струга, откако вчера (12.04) Државната изборна комисија по жестока расправа прифати само два приговори поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, што не може да влијае врз изборниот резултат

https://p.dw.com/p/18FIm
Фотографија: Milco Jovanoski

По целодневна расправа Државната изборна комисија доцна синоќа ги одби сите 231 приговор на СДСМ, како и 15 приговори на ВМРО-ДПМНЕ, за гласањето во Струга. Членовите на ДИК прифатија само два приговори за ВМРО-ДПМНЕ за Струга, но бројот на гласови во овие две избирачки места не може да влијае на изборниот резултат, бидејќи разликата меѓу двајцата кандидати за градоначалник на Струга е околу 5.000 гласа.

Расправата во ДИК за приговорите за Струга започна и заврши тензично. Синоќа, откако беа прифатени два приговори за Струга, членовите во ДИК, од ДУИ и ДПА обвинија дека се гласа по етнички клуч. Владимир Кочовски, заедничкиот кандидат на двете најголеми македонски партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, има освоени 15,276 гласови, а Зијадин Села од ДПА, зад кого застанаа сите албански партии, освои 20.770 гласови.

Државната Изборна Комисија со вчерашната седница ја заврши својата работа за локалните избори во Македонија. Согласно законот, партиите имаат рок од 48 часа по одлуката на Државната изборна комисија во врска со приговорите за локалните избори. Одлуките на Управниот суд се конечни.