1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ ги интензивира односите со Украина

24 јануари 2005

Украинскиот претседател Виктор Јушченко в четврток патува за Брисел, на разговори со европските челници околу идните перспективи на државата. Од Унијата вчера најавија дека Европската комисија ќе им поднесе десет предлози на државите членки чија цел ќе биде јакнењето на односите меѓу Европската Унија и Украина. Сепак, персперктивите за идното членство на земјата во Унијата нема да се најдат на днев

https://p.dw.com/p/Acx4
Виктор Јушченко- новиот украински претседател
Виктор Јушченко- новиот украински претседателФотографија: dpa

ен ред.

Политиката на добрососедство ги подразбира сите неопходни услови, за односите со Украина што повеќе да напредуваат, како на економски, така и на политички план, соопшти Ема Адвин, портпаролката на еврокомесарката за надворешна политика Бенита Фереро Валднер. Сепак, предупреди таа, политиката на добрососедство не значи и политика на проширување на Унијата, односно во никој случај не го подразбира прашањето за идните европски перспективи на Украина.

Целта на предлозите што заедно ќе ги поднесат Валднер и високиот европски претставник за надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана, е да се покаже одлучноста на Европската Унија да се извлече максимумот од програмите преку кои, наредниот период, Киев ќе соработува со високите европски претставници.

Соработката во областа на економијата е првата врата што Европа ќе и ја отвори на Украина. Од Брисел најавија дека Унијата ќе почне преговори со Киев за извоз на челик во 2005-та година, како и дека ќе се забрза работата околу потпишување спогодба за слободна трговија.

Економската соработка, како и идните европски перспективи на Украина ќе бидат главна тема на разговорите меѓу Виктор Јушченко и претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо. Новиот украинаски претседател веќе ве четврток патува на средби во седиштето на Унијата во белгиската претстолнина.