1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУЛЕКС со нов мандат и важни овластувања

ЖА/бета13 мај 2014

Членките на ЕУ постигнаа политички договор за нов двегодишен мандат на ЕУЛЕКС на Косово, со кој нивната мисија ќе ги задржи извршните овластувања за истрагата и судењата за воени злосторства, криминал, корупција.

https://p.dw.com/p/1Byy2
Фотографија: DW/B. Shehu

Извори за српската агенција Бета наведуваат дека ЕУЛЕКС, од сегашните 1.050 судии, обвинители, полицајци и цариници, во иднина ќе има околу 800 припадници.

Како што се наведува во препораките на усогласениот документ на ЕУ за новиот мандат на ЕУЛЕКС, „таа ќе мора да се посвети на градењето на капацитети на југот, а на северот на безбедноста и спроведувањето на дијалогот Белград – Приштина“.

ЕУЛЕКС ќе работи на завршување на започнатите истраги за извршените злосторства и криминал, а новите истраги ќе можат да ги покријат и косовските обвинители и судии, со тоа што институционално ЕУЛЕКС ќе го задржи увидот и надзорот над делувањето на косовското судство.

Властите во Приштина изминатите месеци настојуваа да ја убедат ЕУ, најголем дел од овластувањата на ЕУЛЕКС да ги пренесат на косовското правосудство и другите институции.

Дипломати во Брисел за бета изјавиле дека, иако Приштина искажувача незадоволство од дејствувањето на ЕУЛЕКС, владите на членките на ЕУ заклучиле дека косовското правосудство и институциите се‘уште се слаби и подлоќни на политички и други влијанија, па и заплашувања.

Истовремено, посебно секторите во внатрешните работи во членките на ЕУ укажале на тоа дека шверцот со дрога, трговијата со бело робје и перењето пари и натаму ја загрозуваат безбедноста на ЕУ. Тоа е важен проблем и во дијалогот кој Европската комисија го води со властите во Приштина со цел укинување на визите на ЕУ за краткотрајни патувања на лица од Косово во Шенгенскиот простор на Унијата.