1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дизајн на мебел со помош на магнети

Н.Хазе/С.Недевски24 ноември 2013

Столчињата на холандскиот дизајнер на мебел Јолан ван дер Вил се создадени само со помош на магнети. Тој за нив освои повеќе дизајнерски награди и се афирмираше.

https://p.dw.com/p/1AI86
Фотографија: Jólan van der Wiel

Ова што изгледа дека расте речиси како растение, е т.н. „ Гревити стул“ односно гравитациско столче на холандскиот дизајнер Јолан ван дер Вил

Ова се состојките за магнетното столче: алуминиумско тавче, три магнети, пластична маса и железен прашок. Потоа настануваат ногарки за столчето и тоа само со помош на магнети.

„Природната сила создава форми кои се далеку помоќни, отколку што можам да ги замислам.“ , вели Јолан дополнувајќи: „Се случува за неколку секунди да се креира ваков објект, а ако ги дизајнирав во програми за 3Д моделирање ќе ми требаше една година или уште подолго.“

Дела со голема привлечна моќ

Без разлика дали се столчиња или свеќници, по 20 минути материјалот се стврднува. Секој објект е уникат. Подготовката е најкомпликуваната фаза.

„И во семејството мораш да се погрижиш за децата да пораснат. Тоа бара многу работа. Исто е и овде - мораш да создадеш добри услови; тоа е многу работа, но ако се заврши, тогаш нештата можат можат да растат сами од себе.“

Јолан сакаше да ја искористи силата на природата за дипломската работа на академијата за дизајн во Амстердам и така настана „Гравити стул“. Најголемиот дел од моделите на дизајнерот се инспирирани од природата.

„Сметам дека кај дизајнот е важно да и’ остави голем простор на фантазијата на луѓето - и мислам дека кај овој објект е така. Ако го погледнеш, веднаш почнуваш да размислуваш како и од што е направен и оти формите се чудни. Сметам дека ако луѓето и самите фантазираат, се воспоставува интересен дијалог.“ , вели Јолан ван дер Вил, кој има и нови планови:

„По ова би сакал да развијам нова машина која ќе овозможи да се креираат маси, но би сакал да работам и со други природни сили. Сметам дека ова е само почеток на многу нови начини на производство.“

Со гравитациското столче Јолан ван дер Вил освои повеќе награди за дизајн и се афирмира. Што и да е наредното, со што ќе се зафати овој Холанѓанец, едно е јасно: неговите дела имаат голема привлечна сила.