1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дивите растенија - градски „бели дробови“

Идуна Виншман/ Жана Ацеска2 август 2013

Берлинските научници вршат истражувања за тоа колку дивите растенија покрај улиците можат да го прочистуваат воздухот во големите градови. Зашто, насекаде каде има сообраќај, настануваат честички штетни за белите дробови

https://p.dw.com/p/19H1M
Фотографија: Fotolia/teka77

„Дивите растенија изгледаат дури и убаво. Ме радува ова зеленило. Мислам дека би било поубаво ако биде малку поуредено“, велат граѓаните.

Летото 2009 - идните хортикултурни инженери и градски еколози ги анкетираа граѓаните за дивата вегетација на уличните рабови. Научниците уште одамна открија дека дрвјата можат да ги апсорбираат штетните материи од воздухот. Дали тоа можат да го прават и малите диви растенија?

Берлин има околу 5.300 километри долга сообраќајна мрежа. Насекаде каде има возила, настануваат штетни гасови и отровни честички.

Невидливите, малечки честички долго лебдат во воздухот и можат да бидат вдишени.

Се испитуваа 12 експериментални површини во градот. Овде во алејата Карл Маркс дневно поминуваат 60 илјади автомобили. Колку ситна прашина собира тревата, а колку аргулата и ајдучката трева?

Истражувачите изложиле 16 вида диви растенија со различна површина и структура на лисјата на дејство на штетните гасови.

Klima Verkehr Auspuff Autoabgase Steuer
Со диви растенија против штетни гасовиФотографија: AP

Испитувани биле и површини со помала сообраќајна фреквенција. Во посебни апарати притоа се собира прашина и останува залепена на ленти. Така може да се споредува оптоварувањето со гареж.

Била мерена концентрација при поредок и погуст сообраќај. Научниците сакаа да знаат - дали слично функционира и кај дивите растенија?

Под микроскоп се испитуваа различни површини на листови. Се броеја честичките прашина.

Првите резултати по четири години: троската се покажа како добар апсорбирач на прашина. Слично и пелинот, глуварчето и детелината. Резиме на д-р Ина Зојмел, екологист од Техничкиот универзитет во Берлин:

„Нашите испитувања покажаа дека колку повеќе сообраќај има во некоја улица, толку повеќе прашина се собира на површината на листовите“.

Посебно многу прашина собираат лисјата со густи влакненца. А, колку е поразновидна височината, колку се поразлични видовите, толку подобра е функцијата на филтрирање.

„Според нашите истражувања, англиската трева е непогодна, исто и насадите од цвеќе од еден вид. Подобра е дива и бујна вегетација по рабовите на улиците, која може да извршува повеќекратни функции на прочистување на воздухот“, вели д-р Зојмел.

Анкетите покажаа - колку повеќе минувачите знаат за овие одлични способности, толку повеќе ги прифаќаат дивите растенија.