1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Борбата за моќ продолжува

6 април 2007

Внатреполитичката криза во Украина и натаму се заострува . И покрај спротиставувањето од страна на владата ,украинскиот претседател Виктор Јушченко останува на одлуката за распуштање на парламентот и распишување нови избори , Про-рускиот премиер Виктор Јанукович одбива да учествува на новите избори со својата Партија на регионите .

https://p.dw.com/p/AcSt
Јанукович и Јушченко
Јанукович и ЈушченкоФотографија: AP

Јанукович меѓутоа истакна дека ќе ја прифати одлуката на Јушченко само ако таа биде потврдена од Уставниот суд на земјата. Во меѓувреме во земјата продолжуваат протестите против Јушченко на приврзаниците на владата.

10-ци илјади луѓе демонстрираа на улиците на Киев , во текот на вчерашниот ден , а како што изјавуваат некои од нив тие сакаат да останат во градот и за време на велигденските празници.

Во меѓувреме руската дума донесе резолуција со која го осуди распуштањето на украинскиот парламент од страна на претседателот Виктор Јушченко како против уставно . Изјават узвоена со огромно мнозинство ги повикува руските пратеници , западните влади и ОБСЕ да искажат солидарност со пратениците во украинскиот парламент и да заземат јасен став против неговото распуштање.

Претседателот на Комитетот на Думата за односи со земјите од Заедницата на независни држави по седницата појасни:

“Указот на претседателот на Украина , не само што ја дестабилизира ситуацијата , туку предизвикува и политичка криза . Уставот е против уставен . – истакна Андреј Кокошин.

Инаку од Украина се дознава дека уставниот суд ја земал на разгледување одлуката на претседателот Јушченко. Одлуката на Судот би можела да биде донесена веќе наредната недела- смета премиерот Јанукович , со што меѓутоа не се согласуваат голем број набљудувачи според кои борбата за политичка моќ во Украина ќе трае уште долго.