1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кралот и пеперутката

СН/дв
16 мај 2024

Британскиот крал Чарлс Трети сега има и официјален портрет - кој има формат од 2,6 метри. Дури при подетален поглед на портретот се забележува уште едно суштество .

https://p.dw.com/p/4fu85
BdTD | England
Фотографија: Aaron Chown/POOL/AFP

Британскиот крал  во натприродна големина во масло: официјалниот портрет на кралот Чарлс III , висок 2,6 метри беше претставен во Лондон и наскоро ќе биде изложен за јавноста. Уметникот Џонатан Јео започна со работа во летото 2021 година - кога Чарлс сè уште беше наследник на тронот. Пеперутката над неговото рамо има за цел да ја симболизира неговата поврзаност со природата.