1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бездомните лица во Македонија и на Балканот

Емилија Петреска
3 мај 2024

Колку бездомници има во Македонија? Прашање на кое има само нецелосен одговор. Бездомниците се луѓе кои на Балканот (речиси) никој не ги гледа. Балканските држави немаат официјален регистар за бездомните лица, па податоците за нив често се нецелосни, или пак застарени. Овие информации се важни, бидејќи на тој начин се градат политики за во иднина.

https://p.dw.com/p/4fQ89

Балканот мака мачи да ги евидентира бездомните лица. Официјалните податоци се или нецелосни, или пак застарени. 

Па така, официјалните извори во Македонија кажуваат дека во март годинава имало вкупно 200 бездомни лица. Но, тоа се само информации за Скопје и Битола. За другите градови нема податоци. Од друга страна, според Здружението на граѓани „Љубезност“, кое им помага на овие лица, оваа бројка достигнува и до 1000. 

Слична е ситуацијата и во Црна Гора. Организациите алармираат за немањето соодветна евиденција, па според неофицијални бројки кои се повторуваат со години наназад -  во главниот град Подгорица, ротираат околу 10 до 15 бездомни лица. 

Во Србија, може само да погодуваме, бидејќи последниот и единствен официјален податок е стар дури 13 години - пописот на населението од 2011. Сепак, само во Белград, во последните две години, хуманитарната организација АДРА регистрирала над 3000 бездомници. 

Во Албанија ако сакате да дознаете колкав е бројот на бездомни лица, ќе треба да ги контакирате сите 61 општина - бидејќи ниту една национална институција ги нема овие податоци на едно место. 

За Босна и Херцеговина и Косово единствено нешто што се знае е дека бројот се менува од ден за ден, но колку - не се знае, бидејќи недостасува системско решение. 

Иако за некои граѓани бездомништвото не е избор, има и такви за кои животот на улица е начин на живеење.

Но, за држави кои се стремат да бидат дел од Европската Унија, решавањето на статусот на бездомните лица е еден од предизвиците.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема